Во срцето на Париз вчера вечер се одржа Le Grand Dîner du Louvre, којшто е познат како француска Мет Гала.
Гламурозната манифестација, која што има хуманитарен карактер, се одржа во музејот Лувр, а повод беше отворање на изложбата Louvre Couture, како и официјалниот почеток на Модната недела во Париз.
На настанот, којшто ги спои високата мода и уметноста, беа присутни повеќе од 300 луѓе од светот на модата, филантропијата и шоубизнисот.
Гостите имаа ретка прилика да ја погледнат изложбата Louvre Couture: Objets d’Art, Objets de Mode којашто прикажува повеќе од 100 модни креации и додатоци од 45 светски дизајнери како Диор, Меквин, Шанел и други.
Покрај гламурозната нишка манифестацијата имаше и хуманитарна цел – беа собрани повеќе од милион евра за обнова на музејот и едукациски програми.
Присутните со своите стајлинзи приредија вистинско уживање, а еве како заблеска вчера Лувр.