За прв пат во историјата Сан Лоран е на врвот на листата Најдобри брендови

Платформата Lyst, која секој квартал ја објавува листата на Најпопуларни модни брендови во светот, го прогласи Сан Лоран за бренд број еден за третиот квартал од 2025 година.

Интересно е што модната куќа за прв пат во историјата се најде на врвот на оваа листа.

Брендот Миу Миу, кој беше на врвот во претходните месеци, падна на второто место, додека Кос направи впечатлив скок, надминувајќи го The Row и искачувајќи се на третото место.

Иако Сан Лоран забележа пад на приходите од 7% во истиот квартал, популарноста на брендот неверојатно се зголеми. Луѓето повеќе од кога било бараа обувки, микро чанти и чизми од брендот, а ревијата за пролет 2026 во Париз дополнително го зголеми интересот.

Bottega Veneta, Ralph Lauren, Versace, Burberry, Gucci и Stone Island исто така забележаа пораст на популарноста, додека Loewe, Alaïa, Balenciaga, Prada, Chloé и Jacquemus се соочија со пад на побарувачката.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish