Ентериери: Која е бојата што никогаш не излегува од мода?

Кога станува збор за уредување на внатрешниот простор во домот сите сакаме да го постигнеме балансот во којшто ќе се чувствуваме удобно.

А кога размислуваме за боја, екпертите на ова поле се согласни дека една нијанса е навистина безвременска.

Таканаречената Off-white е избор број еден за многумина.

Особено е одлична за домот во лето, а може да ја внесете на повеќе разни начини.

Одговара на секој стил создавајќи визуелно поголем простор, топлина, како и чувство на релаксираност.

Идеална е за ѕидови и тавани, а може се додаде и кај мебелот, прозорите, вратите.

Оваа нијанса на бела боја совршено одговара и за завеси,украсни перничиња и постелнина.

Рефлектира светлина со што домот изгледа поотворен, истовремено одбивајќи ги сончевите зраци што ја прави одлична за домот во лето.

Може да се комбинира со неутрални нијанси како беж и нежно сива боја.

Во продолжение неколку добри идеи како да ја имплементирате оваа безвременска бела.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian