Eсенската колекција на Шанел во духот каде што се започна

Есенската колекција на Шaнел беше своевидна реконструкција на легендарниот салон на Коко на познатата адреса 31 Rue Cambon во Париз, каде што дизајнерката ги прикажуваше своите креации на клиентите од 1918 до 1970.

Како и во тоа време сценографијата се одликуваше со беж завеси, предимензиониран мебел и барокни детали.

Колекцијата ги имаше сите оние познати карактеристики за Шанел како камелијата, машничката пеперутка, твидот, како и трите најпрепознатливи бои црна, бела и беж.

Моделите носеа рамни чизми над колената зад чијашто инспирација стои животот во англиските села, нешто во што самата Коко уживаше.

 

Фото: Getty

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian