Со доаѓањето на пролетта пристигнуваат и новите свежи трендови, промени коишто навистина добро ќе ни дојдат по зимскиот сон.
Ако судиме според тоа што го диктираат модните куќи и инфлуенсерите сезоната што следи ќе ни донесе посмели решенија.
Бохо стил
Пролетта како да е резервирана за бохо елементите, а тоа го предложија и модните експерти. Романтично и шик со естетика на 70-те ќе биде одличен почеток на една нова приказна.
Пастелно розова
Оваа нежна нијанса красела многу пролетни сезони. Пастелната розова како симбол на женственоста овој пат ќе ја комбинираме со црни елементи.
Тесни панталони
Трендот на предимензионирани парчиња го оставаме зад нас, отстапувајќи им место на потесните варијанти, поточно на slim панталоните. Дефинирањето на фигурата ќе биде во фокус и оваа пролет.
Карирани решенија
Ако некогаш сте размислувале за карирани парчиња, сега ќе биде моментот да ги испробате. Пролетта ќе ни го донесе токму овој дезен којшто недоливо потсетува на пикник во природа.
Впечатливи додатоци
Пролетната сезона ќе ја дочекаме со впечатливи модни додатоци. Од беџови и нитни до накит и панделки, се може да дојде во комбинација. Според познавачите на модата екпериментирањето ќе биде ин, ваше е само да бидете свои.
Фото: Getty