Fashionel.mk: Вашиот омилен моден магазин повторно достапен на англиски јазик

Fashionel.mk, најчитаниот моден е-магазин во Македонија, од сега повторно е достапен на англиски јазик.

Магазинот што секојдневно нуди информации за модата, стилот и домашната дизајнерска сцена, има за цел да информира, едуцира и инспирира читатели од целиот свет.

Со акцент на најдоброто од македонската дизајнерска сцена, Fashionel.mk ја поддржува секоја гранка од домашната мода.

Одлуката за англиска верзија на сајтот е донесена со цел да македонската модна сцена да стане достапна за пошироката, меѓународна публика.

Fashionel верува дека нашите дизајнери, креативци и модни настани заслужуваат светско внимание, а ова е чекор кон споделување на нашата визија и стил со светот.

Fashionel сервира од секојдневни вести за македонската, регионалната и светската модна сцена, до едукативни текстови за историјата на модата, профили на дизајнери и случувања од модните писти.

Магазинот редовно обработува актуелни трендови, како и рецензии на најдобрите модни едиторијали. Достапни се интересни информации за комплетирање на стајлингот со шминка и фризура, како и совети за шопинг.

Дополнително, Fashionel.mk ја открива уличната мода, го анализира стилот на познатите личности и нуди креативни „направи-сам“ идеи.

Fashionel е простор за сите љубители на модата, без оглед на возраста, полот или професијата за кои заедничка е љубовта и интересот кон модата.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian