„ЕЛЕНА ЛУКА го редефинира македонскиот моден идентитет преку автентичност и смела визија,“ пишува британскиот магазин FAB UK, кој денеска посвети инспиративна статија на празничната колекција на оваа реномирана модна куќа. Во текстот, магазинот ја...
„ЕЛЕНА ЛУКА го редефинира македонскиот моден идентитет преку автентичност и смела визија,“ пишува британскиот магазин FAB UK, кој денеска посвети инспиративна статија на празничната колекција на оваа реномирана модна куќа.
Во текстот, магазинот ја истакнува уникатноста на ЕЛЕНА ЛУКА: „Овој бренд ги спојува уметноста и авангардата, создавајќи моден израз што е истовремено современ и безвременски.“
FAB UK ја препознава посветеноста на ЕЛЕНА ЛУКА, нагласувајќи: „Приказната на ЕЛЕНА ЛУКА е резултат на визионерство и истрајност, кои го позиционираа брендот како пионер на македонската модна сцена.“
Понатаму, магазинот додава: „Со редовно создавање на сезонски колекции и иновативни модни решенија, ЕЛЕНА ЛУКА ја потврдува својата позиција како лидер не само во Македонија, туку и на меѓународната модна сцена.“
Со ваквите зборови, FAB UK уште еднаш го афирмира успехот на македонскиот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, промовирајќи ја неговата празнична колекција како симбол на врвниот дизајн и креативност.
Линкот од објавата на FAB UK е достапен тука: Elena Luka: Redefining Macedonian Fashion with Authenticity and Avant-Garde Vision
Празничната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА е достапна тука: Holiday Season - Elena Luka






