Британската дизајнерка и поранешна членка на Spice Girls, Викторија Бекам, вчера во Париз беше одликувана со една од највисоките културни почести во Франција – Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres за нејзиниот значаен придонес во светската мода.
Церемонијата се одржа во Министерството за култура на Франција во Париз, токму за време на Париската модна недела, што ја направи вечерта уште позначајна.
Наградата е признание за нејзиниот долгогодишен придонес во модата и за влијанието на нејзиниот бренд на глобалната сцена.

По овој повод Викторија се појави во елегантна all-black комбинација од својата колекција, со софистицирана силуета и висок израз на модна естетика што стана нејзин заштитен знак.

На настанот, таа беше заедно со нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и нивните деца Харпер, Круз и Ромео, кои гордо ја придружуваа на црвениот тепих.

Во својата објава на Инстаграм по церемонијата, Викторија напиша дека е „длабоко почестена“ што и е доделено вакво престижно признание и изрази огромна благодарност до Министерството за култура на Франција.

Таа посебно им се заблагодари на своето семејство и бизнис партнерите, упатувајќи особена благодарност за Дејвид како нејзина најголема поддршка и партнер во успешната модна кариера.

Ова почесно признание се доделува од 1957 година на истакнати личности од целиот свет кои дале значаен придонес за развојот на уметностите и културата.