Французинката Мелани Дa Круз која е препознатлива по учествата во реалити ТВ-шоуа и како модна инфуленсерка, преку креирањето на оригинални содржини на социјалните мрежи на модната недела во Париз се појави во впечатлива креација на ЕЛЕНА ЛУКА.
Mелани, седеше во првите редови на модната ревија на либанскиот дизајнер Georges Chakra, кој е познат по своите креации на висока мода кои ги носат познатите како: Бионсе, Џенифер Лопез, Ријана и други. Неговите гламурозни креации исто така се појавија во култниот филм „Ѓаволот носи Прада“ и се престиж помеѓу светската елита.
За оваа прилика Мелани избра модерен, впечатлив, предимензиониран црн фустан од ЕЛЕНА ЛУКА со нагласени раменици и светкави елементи. Фустанот имаше структуриран дизајн и длабоко деколте, што даде соодветна доза на гламур. Таа го комбинираше со црни високи чизми, што придонесе за минималистички, но моќен ефект.
Комбинацијата Мелани ја освежи со жолта чанта, која додава контрастен акцент и ги раздвижува темните тонови. Прибраната фризура која ја носеше француската модна инфуленсерка го потенцираше нејзиниот софистициран изглед.
За стајлингот кој таа го избра за оваа пригода изјави дека е комплетно нејзин стил, истакнуваќи дека нејзиниот изглед бил забележан и предизвикал интерес кај присутните на Париската модна недела.
„Се чувствувам одлично и пред сѐ многу удобно во мојата облека. Ми се допаднаа предимензионираниот фустан- јакна и влошките за рамениците, тоа е целосно мој стил. Ме прашаа за брендот на мојата облека, тоа значи дека добро избрав. Ова е прв пат да соработувам со македонски дизајнер, со ЕЛЕНА ЛУКА и се надевам дека соработката ќе продолжи“- истакна Мелани во изјава за Fashionel.
Фотографиите на Мелани во модел на ЕЛЕНА ЛУКА ги направи светски познатиот фотограф Пјер Перусо (Pierre Perusseau) кој соработува со светски ѕвезди како Бела Хадид, Ким Кардашијан, Кајли Миног и други.
Мелани Дa Круз освен за присуство на модни ревии, модел на ЕЛЕНА ЛУКА носеше и на улиците во Париз. Овој пат таа избра дводелен црн сет со златни детали кои совршено прилегаше на нејзината силуета. Овој моден избор беше идеален за појава на париските улици кои на секој свој корнер ја слават модата.
Мелани освен по својата успешна кариера во Франција е позната и по својот приватен живот како поранешна сопруга на професионалниот фудбалер Антони Мартиал, со кого има син.
Фото: Pierre Perusseau