Кога станува збор за избор на стан секој од нас има свои преференции, Но, она што е заедничко за сите е да се пронајде местото во кое што ќе можеме да уживаме во совршена хармонија.
Токму тоа го имате во компактно спакуваните гарсониери во FUTURA 3-4, новиот станбен објект на ELENA LUKA HOME, каде секој метар квадратен е максимално искористен.
FUTURA 3-4 нуди различни типови на гарсониери од 23 до 36 квадрати, а секоја од нив претставува модерна и исклучително добро организирана станбена единица.
Секоја гарсониера се одликува со комфорен дневен престој со трпезарија, висококвалитетна термо и звучна изолација, како и внимателно одбрани премиум материјали со долготраен квалитет.
Овој тип на станбена единица, којшто може да биде вашиот прв дом е паметна и долгорочна инвестиција.
Гарсониерите во FUTURA 3-4 имаат совршен распоред за максимален комфор каде што ќе можете да ја создадете вашата животна приказна во еден современ ентериер со ваш личен печат.
FUTURA 3-4 се наоѓа на одлична локација на булевар „Борис Трајковски“, во општина Кисела Вода, на само пет минути пешачење од центарот на Скопје.