
Пристигнувајќи во Crypto.com арената во Лос Анџелес, ѕвездите се појавија на 68. доделување на Греми наградите со повеќе од само грамофонска статуетка на ум. За разлика од остатокот од сезоната на награди, Греми претставува простор каде што музичките ѕвезди можат да ја пуштат креативноста на слобода или, во случајот на Лејди Гага, да ја залижат косата наназад, комбинирана со перјеста висока јака и да експериментираат со мода што ги поместува границите.
Тоа е форма на стилска хармонија, пронаоѓање дизајнерски фустан (или костум) што зборува за нивниот сегашен момент и звук, но со поглед насочен кон иднината. Ова е церемонијата каде што легендарниот длабоко исечен Versace фустан на Џенифер Лопез во 2000 година доведе до создавање на Google Images. Играњето на сигурно никогаш не создадало историја таму каде што музиката и модата се среќаваат.
Сепак, најдобро облечените гости оваа година не се воздржаа од класичните холивудски кодекси.
Сабрина Карпентер во custom Valentino
Не дозволувајте нејзините комични моменти од настапот на Греми да ве одвлечат од фактот дека изгледот кој ќе ни остане во сеќавање е нејзиниот custom Valentino фустан од црвениот тепих. Стилистот Jared Ellner во изминатите години внимателно ја гради нејзината авангардна pin-up естетика, комбинирајќи длабоки винтиџ референци со светкави, будоарски парчиња од брендови како Victoria’s Secret и Ludovic de Saint Sernin.
Овој фустан, сепак, најавува суптилно прочистување на нејзиниот стил. Тој доаѓа од модна куќа во сопствена стилска трансформација- Valentino, кој сега е под креативно водство на Alessandro Michele, само неколку колекции по почетокот на неговиот мандат.
Додека чекори по тепихот во нежни, проѕирни ракави и рачно нанесени бисери, Сабрина може да ги остави пердувите и театралноста за сцената. Сепак, нејзината игривост не исчезнува целосно, слоевитоста на здолништето содржи дискретни срцевидни исечоци.
Оливија Дин во custom Chanel
Вистинскиот изглед за номинираната за Најдобар нов артист може да ја дефинира целата нејзина идна кариера на црвениот тепих. Дин како да ја манифестираше победата и можеби идниот договор со Chanel во овој custom двобоен фустан, стилизиран од Simone Beyene.
Целосно светкавото корсетно горно парче преминува во пердувест детаљ на спуштениот струк, кој се развива во кремасто бело балско здолниште. Под него, таа ги носеше новите чевли на Matthieu Blazy, кои веќе се најавуваат како следниот голем тренд.
Бед Бани во custom Schiaparelli
Puerto Rican раперот, стилизиран од Storm Pablo, се појави во првата haute couture машка креација на Schiaparelli.
Костумот ги носеше сите препознатливи кодови на брендот: нагласен струк, корсетни детали на грбот и вез на реверите. Смела, историска и совршено изведена модна изјава.
Адисон Реј во custom Alaia
За првото појавување на Греми како номинирана, Реј и стилистката Дара Ален се одлучија за чиста висока мода и тоа во форма на custom Alaia.
Бел фустан со длабоко деколте и лалевидно здолниште, од колекцијата пролет 2026, драматично скратен одзади, во препознатливиот стил на Адисон.
Тајла во винтиџ DSquared2
Во фустан од колекцијата Есен 2013 на DSquared2, Тајла внесе гламур со пердувести детали, деколте и целосно отворен грб.
Совршен спој на нејзината наклонетост кон светки и заводливи линии со вистински ефект на црвениот килим.
Одри Нуна во Thom Browne
За Нуна, изборот на Thom Browne беше длабоко личен. Таа истакна дека нејзиното семејство, како имигранти, има историја поврзана со текстилното производство, а Thom Browne бил првиот бренд за кој работел нејзиниот дедо.
Нејзиниот деконструиран изглед беше меѓу највпечатливите на вечерта, не само визуелно, туку и емотивно.
Лејди Гага во Matieres Fecales
Фустанот на Лејди Гага потсетуваше повеќе на птица грабливка отколку на балетска драма. Високата јака и прилепената силуета делуваа моќно и контролирано, доказ дека понекогаш, дури и минималната воздржаност може да биде најсилниот потег.
А на сцената направи перфоманс за паметење, облечена во Александар Меквин. Зборовите се вишок овде.
Џастин Бибер во Balenciaga и Хејли Бибер во Alaia
Најголемото стилско изненадување на вечерта беше нивниот усогласен изглед. Во Balenciaga костум и Alaia фустан, тие прикажаа ретко стилско единство со задржување на личниот идентитет на секој од нив.
Некои модни навики, очигледно, се создадени за да бидат прекршени.
Н.Т
