Нашиот лидер во високата мода, ЕЛЕНА ЛУКА секогаш импресионира со своите креации.
Токму таква импозантна е и оваа тоалета дизајнирана за специјална прилика како што е Виенскиот бал во Скопје.
Фустанот го карактеризира волуменозна силуета и сложена 3D апликација од рачно поставени цветови.
Уникатната креација не само што го следи правилото за балска тоалета – туку и го надградува.
Тесниот корсет го акцентира горниот дел на телото, додека раскошната долна половина се движи со грациозност и сила, оставајќи впечаток на секој чекор.
Самата црна боја, којашто е надополнета со сјајни нијанси и драматични текстури, создава доза на мистерија и софистицираност.
Токму затоа оваа елегантна тоалета е совршен избор за дами кои зрачат со самодоверба и сакаат да блеснат со стил.