Вчера, на 2 април, во присуство на медиумите, јавни личности и инфлуенсери, официјално беше отворена парфимеријата FABUspot во City Mall, на новата локација.

Настанот привлече големо внимание кај љубителите на убавината и трендовите, кои имаа можност први да го искусат уникатниот концепт што FABUspot го носи на пазарот. Просторот е осмислен да понуди модерно и пријатно искуство при избор на производи и услуги, поставувајќи нови стандарди во светот на убавината.

Отворањето се одвиваше во префинета и динамична атмосфера, исполнета со музика, дружење и интеракција, при што гостите имаа можност одблиску да се запознаат со концептот на FABUspot.

FABUspot нуди внимателно селектиран асортиман на висококвалитетни производи за нега, шминка и парфеми, со акцент на современи брендови и врвен квалитет. Покрај богатиот избор на ексклузивни брендови, посетителите можат да уживаат и во професионални услуги, како што се гел-лак на нокти, обликување на веѓи и отстранување влакна од надусници и веѓи со конец, како и популарниот третман „brow lift”.

Со новата локација, FABUspot уште еднаш потврдува зошто е омилена дестинација за сите кои бараат комплетно beauty-искуство – на едно место.









