Глобално позната манекенка на насловната на FASHIONEL: Гламурозните креации на ELENA LUKA за Дубаи ѝ прилегаат како на кралица

Како е да носите couture, искуството зад насловната страница

Да се носи couture не е исто како да се носи обична облека. Моделот што ја претставува Dubai COUTURE колекцијата на ELENA LUKA не само што позира — туку станува дел од врвниот концептот.

Се работи за Михаела Скрипник, молдавска манекенка и инфлуенсерка на социјалните мрежи, позната по својата впечатлива убавина и ангажирано онлајн присуство. Горда на своето потекло, таа често истакнува дека Молдавија е позната по своите врвни вина и убави жени, изразувајќи ја својата гордост што е Молдавка.

На TikTok, Михаела има значајна публика со повеќе од 35.000 следбеници и околу 600.000 допаѓања, а на Инстагерам скоро милион следачи, каде што споделува разновидна содржина што силно одекнува кај нејзината публика.

Фустанот Constellation од ELENA LUKA Couture  што го носи на насловната на FASHIONEL од ELENA LUKA Couture е олицетворение на сјајот — изјава на моќ и раскош вткаена во секој шав. Целосно рачно везен со прецизна tambour техника, овој ремек-дело бараше четириесет и пет дена посветена couture-изработка. И скулптуралниот фустан и неговата отстранлива над-суќња беа внимателно создадени од мајстори-занаетчии, чиј секој потег беше воден од стремежот кон совршенство.

Облеан со илјадници сертифицирани Swarovski кристали, фустанот блеска како небо распламтено со ѕвезди. Секој шав и секоја внатрешна линија одразуваат ретки техники на висока мода, додека неговата основа — деликатна подлога од чиста свилена тул — го обвива телото со етерична мекост.

Ова не е само couture — ова е прокламација. Смел, моќен и незаборавен, Constellation е дизајниран за жени кои се движат низ светот како царици, предодредени за најголемите црвени теписи и најексклузивните венчавки, блескајќи како да се обвиени во жива галаксија.

Михаела ја сликаше колекцијата во Истанбул, а за локација беше избрана луксузна палата со аристократски шарм. Беше воодушевена кога ги виде креациите. И сама кажа дека ова е висока мода, нешто кое е несекојдневно ѝ и беше оромна чест што токму таа е избрана да ги носи ремек- делата на брендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝐄𝐋𝐄𝐍𝐀 𝐋𝐔𝐊𝐀 (@elenaluka_official)

Конкретно, оваа креација што ја носи на видеото е и зработена од шеснаесет метри исклучителна француска чипка и раскошно украсена со тринаесет килограми сертифицирани кристали Swarovski, венчаницата блеска со вонземска светлина, како безброј ѕвезди да се вткаени во нејзината ткаенина. Два месеци неуморна couture-изработка ѝ дадоа живот на оваа креација, каде секој детал сведочи за префинетост, реткост и посветеност. И внатрешноста на венчаницата е подеднакво извонредна. Поставата е создадена со ретка француска бодисјут-техника, целосно изработена од чиста свилена тул-мрежа, обезбедувајќи совршен баланс меѓу удобност и луксуз. Отстранливото надздолниште нуди раскош достоен за кралски влез, додека двојната корсетна конструкција овозможува стабилност и леснотија, дозволувајќи ѝ на невестата да владее со грациозност во текот на целата вечер. Ова не е само венчаница — ова е крунисување.


Креациите се тешки, богати со текстура и форма. Движењето во нив е поинакво. Начинот на кој телото реагира на кројот создава нова енергија.

Фотосесијата беше интензивна, но магична. Секој кадар бeше внимателно изграден, секоја поза внимателно усогласена со архитектурата на фустаните. За моделот, ова не беше само работа, туку искуство што се памети.

Н.Т