Греми награди 2025: Бијонсе конечно ја освои наградата за Албум на годината

Бијонсе конечно на 67- те Греми награди за првпат во кариерата, ја освои наградата за Албум на годината за „Cowboy Carter“. Кендрик Ламар пак ги освои сите пет категории во кои беше номиниран, вклучувајќи ја и категоријата – Песна на годината за нумерата „Not like us“.

67-те Греми награди се одржаа во Лос Анџелес, и покрај стравувањата дека церемонијата би можела да биде откажана поради катастрофалните пожари во регионот оваа година.

Суперѕвездата Бијонсе, која е најнаградуваната и најноминираната уметничка во историјата на Греми наградите, досега четири пати беше номинирана во оваа категорија, а многумина сметаа дека неправедно досега не ја освоила оваа награда.

Оваа година, Биjонсе беше номинирана за 11 награди, изедначувајќи се со албумот „Thriller“ на Мајкл Џексон за најмногу номинации за еден албум. Со победата за Албум на годината, таа стана првата црна жена која ја освоила оваа награда во 21 век.

„Се чувствувам преполна со емоции и длабоко почестена – ова беа многу, многу години напорна работа,“ изјави Бијонсе, со ќерката Блу Ајви Картер покрај неа. „Сакам да се заблагодарам на Греми наградите, на секој текстописец, секој соработник, секој продуцент – на целиот труд што беше вложен.“

Бијонсе наградата ја прими во свечена тоалета која беше вистински пример за елеганција и гламур. Тоалетата со златести нијанси и комплексни детали во кројот создаде впечаток на луксуз и префинетост, додека долгата права коса совршено ја надополни целокупната естетика. Минималистичките додатоци кои таа ги избра за оваа прилика дозволија облеката и природната убавина да бидат во фокусот.

Бијонсе меѓудругото ги победи и Били Ајлиш и Тејлор Свифт во оваа категорија, а наградата ѝ ја врачи легендарната Дајана Рос, која се појави како изненадување на сцената.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian