Гвинет Палтроу ги враќа во тренд подвитканите фармерки

Гвинет Палтроу повторно ги враќа во мода подвитканите фармерки. Забележана во Санта Барбара со нејзиниот сопруг Бред Фалчак, Палтроу изгледаше елегантно и лежерно, комбинирајќи ги фармерките со впечатлив розово- бел елек од Шанел, бела маица и високи патики. Оваа комбинација создаде перфектен баланс меѓу удобноста и елеганцијата, а се истакна и со својата автентичност.

Иако некои може да ги сметаат подвитканите фармерки за „застарени“, овој тренд во 2025 година се враќа.

Во последнииот период, тие стануваат едни од најпопуларните трендови на деним, благодарение на нивното присуство во уличната мода и на влијателните личности на социјалните мрежи кои истите ги носат.

Гвинет Палтроу овие фармерки ги носи со самодоверба, комбинирајќи ги со шик елек и неутрални парчиња кои го надополнуваат стилот.

Доколку сакате да постигнете елегантен и лежерен изглед како Гвинет, подвитканите фармерки се дефинитивно вистинскиот избор за вас.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian