Две големи имиња ги здружија силите, а од нивната соработка излегоа преслатки нешта.
Станува збор за H&M Home и Disney коишто решија да направат специјална колекција за најмалите.
Целосниот назив на истата е Disney Home x Sanderson by H&M Home, а централен лик е Бамби.
Disney со британскиот бренд за ткаенина и тапети Sanderson соработува уште од 1928ма.
Сепак можеме да кажеме дека оваа колекција е најслатка досега. Секој производ е изработен со голема љубов кон најмладите – од памучните бодиња, па се до постелнините и мебелот од ратан.
Секое парче е направено исклучиво од природни материјали, а насекаде преовладуваат цветни мотиви и нежниот лик на Бамби.
Еве како сето тоа изгледа.
Фото: Instagram, H&M