Пројата е совршен избор за здрав и хранлив оброк, идеален за ужина или почеток на денот. Богата со нутритивни вредности и лесна за подготовка, ова традиционално македонско јадење може да се збогати со јогурт за дополнителна свежина и вкус.
Состојки:
- 2 јајца
- 1 шолја масло
- 300 мл јогурт
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 чаша бело брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 лажица маргарин
- Прстофат сол
Подготовка:
- Изматете ги јајцата со миксер.
- Додадете масло, јогурт, пченкарно брашно и сол. Добро измешајте.
- На крај додадете го белото брашно и прашокот за пециво, па измешајте додека добиете хомогена смеса.
- Истурете ја смесата во калапи за мафини.
- Печете ги на 200°C околу 15 минути.
Проја мафините со јогурт се идеален избор за секоја прилика – од брз појадок до вкусна ужина. Со нивната лесна подготовка и богат вкус, ќе ги освојат и најпребирливите гурмани. Пробајте го овој рецепт и внесете го традиционалниот вкус во вашето секојдневие.
Добар апетит!