Меланија Трамп повторно покажа дека стилот може да биде силен израз на став и моќ. За време на својата посета на американскиот Капитол, каде што разговараше за законот „Take It Down“, кој има за цел да им помогне на жртвите на одмаздничка порнографија, првата дама се појави во впечатлив стајлинг. Таа носеше беспрекорен триделен костум во беж нијанса, комбиниран со соодветни потпетици и впечатлива црна вратоврска.
„Денес сум тука со вас со заедничка цел, да ги заштитиме нашите млади од онлајн штети. Широката распространетост на насилното однесување во дигиталниот простор влијае на секојдневниот живот на нашите деца, семејства и заедници.“- истакна Меланија во својата Инстаграм објава.
Нејзиниот изглед исто така влијаеше на пораката која таа сакаше да ја испрати.
Софистицираната силуета и неутралната палета на бои ѝ додадоа доза на суптилна елеганција, додека вратоврската, како моден акцент, внесе моќен и авторитативен тон.
Овој класичен, но истовремено смел моден избор веднаш привлече внимание. Со овој стајлинг, Меланија уште еднаш покажа дека модата е повеќе од естетика, таа е и порака.
Во повеќе наврати Меланија покажува дека нејзиниот изглед е дефиниција за безвременска елеганција со став.
Фото: Instagram