Jumeirah Marsa Al Arab прогласен за најдобар хотел во светот

За најдобар хотел оваа година e одбран Jumeirah Marsa Al Arab којшто се наоѓа на приватен остров во Дубаи.

Реноминираното жири Prix Versailles под покровителство на UNESCO секоја година го одбира најимпресивниот хотел, а за 2025-та беше прогласено токму ова здание.

Хотелот многу потсетува на луксузна јахта, а освен грандиозниот надворешен изглед тој ги содржи сите погодности што можат да се очекуваат од еден хотел од највисок ранг.

Критериумите според коишто се одбира победникот се локалното наследство, современиот дизајн и визијата за иднината.

Меѓу другото хотелот на своите гости им нуди приватни вили и тематски апартмани.

Фото: booking

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian