
Четирите неодамнешни најпознати модни недели понудија одредени одговори
„Industry“- технички темата на серијата се финансиите. (Гледачите знаат дека вистинската тема на „Industry“ се секс-играчките, а веднаш потоа блејзерите на Toteme. Сепак, светот на финансиите е на блиско трето место.)
„‘Industry’ ме направи навистина да се плашам од навистина богатите луѓе“, вели еден од актерите директно. „Нашата серија јасно покажува дека тие се насекаде, тие тајно богати, исклучително моќни луѓе што едноставно се појавуваат во кафе-бар со голем сив џемпер и хеланки, го отвораат лаптопот и им ги уништуваат животите на сите. Никогаш не би претпоставиле.“
Тој зборува за школата на „тивок луксуз“ меѓу милијардерите, онаа што ја истакнуваат и „Industry“ и нејзиниот порафиниран „роднина“ „Succession“ каде богатите носат кардигани од 8.900 долари од Brunello Cucinelli и свилени блузи од 2.850 долари од Loro Piana. И да, кашмир без лого во беж нијанси доминира на видеата на RichTok за тоа како „вистинските“ милијардерски семејства се облекуваат. Но дури и вистинските магнати што присуствуваа на Модната недела во Милано оваа сезона, најпознато Марк Закерберг на Prada отидоа чекор понатаму од анонимните комбинации што изгледаат како од Uniqlo, но чинат повеќе од автомобил.
Овие моќници изгледаа дотерано, но и интересно, дури и самиот Закерберг, во добро скроена камел поло-маица со темно кафени панталони и малку разбушавена коса. Во меѓувреме, модните писти отворија дебата, дали скапата облека треба да изгледа раскошно, или вистинскиот статус е да носиш нешто совршено додека не се износи… и потоа да продолжиш да го носиш, бидејќи си доволно моќен никој да не ти забележи? Додека фустани со кристали и опуштени, намерно „извалкани“ панталони го заземаа Милано, тие поставија прашање: Како изгледа „богата девојка“ во 2026 година?
Најлесниот одговор е Керолин Бесет-Кенеди. Модната икона денес би имала 60 години, но поради нејзината трагична смрт, засекогаш остана замрзната во времето на 33 години. Денес нејзиниот лик одекнува на Pinterest, а нејзината „жива верзија“, актерката Сара Пиџон, се појавува на малите екрани во серијата „Love Story“, фасцинантна приказна за нејзиниот живот.
Оваа серија поттикна нова опсесија со пригушена урбана елеганција, со доза на генерациска иронија. (Бесет-Кенеди работеше во Calvin Klein во 1990-тите, што дополнително ја зајакнува нејзината митологија.) Милано не остана имун, брендови како MM6 Maison Margiela, Jil Sander, Tod’s, па дури и спортскиот Fila понудија свои варијации на нејзиното камел молив-здолниште, комбинирано со кафени чизми и црн џемпер. Карли Клос, милијардерка по брак и инвеститорка, носеше верзија на Gucci, каде беж волната беше заменета со платно со лого.
Нејзината препознатлива неуредна опашка се појави кај Prada, Giorgio Armani и Fendi. Diesel направи верзија на нејзините карактеристични очила со дебели рамки. На пистите доминираа русокоси модели со аристократски израз, меѓу кои Лииса Винклер, Бодине ван Гален и Аби Чемпион.
Постои и друга школа на стил што вели- ако потекнуваш од богато семејство, зошто да не создаваш сам? На ревијата на Bottega Veneta, моделот Амбр Румо носеше проѕирна чанта со плетење внатре, јасна порака дека „девојките на Bottega“ имаат вистински дизајнерски капитал, но и желба сами да создаваат. Истото се виде и кај Prada, каде Бела Хадид и Лиу Вен носеа рачно плетени шалови. Една италијанска уредничка дури изјави: „Јас го направив сама. Чини четири евра, а сите мислат дека е Prada.“
Prada дополнително ја нагласи естетиката на изгужвани кошули, лесно оштетени чевли, како симбол на искуство, а не на совршенство. Marni, пак, ги преработи пластичните ѓердани од стара колекција во скапи метални верзии.
Но можеби најзабавниот начин да изгледаш скапо е да изгледаш евтино. Кај Gucci, Емили Ратајковски носеше тесен фустан со кристали, инспириран од филмот „Anora“.
Blumarine понуди драматични чипкани фустани со лажни бисери, додека Roberto Cavalli се наврати на естетиката од 80-тите. Philipp Plein испрати модели со купчиња (лажни) пари, јасна порака дека парите се вистинскиот моден додаток.
Зошто сите сакаме да изгледаме богато? Затоа што парите често се најблиску до заштита што ја имаме, подобро здравство, подобар живот, повеќе слобода. Да изгледаш како дел од елитата понекогаш значи и да станеш дел од неа.
На крајот, последниот ден од Модната недела во Милано донесе гласини, Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан се појавиле кај Дуомо. На видеата тие изгледаат опуштено, во обична облека, како студенти. Потсетник дека да се биде богат и да се изгледа богат не е исто.
Но сепак, колку и да е тоа точно, убаво е да се носи камел кашмирско молив-здолниште.
Н.Т