Кога станува збор за принцезата Кејт Мидлтон тогаш стилот не е во прашање.
Кејт низ годините покажа како навистина треба да изгледа една дама од кралско семејство.
Нејзиното појавување на финалето на Вимблдон беше дочекано со почит и восхит. За оваа прилика принцезата одбра фустан во кралско сина нијанса од Роксанда, со длабок V израз и суптилна машна на едната страна.
Аутфитот го дополни со беж потпетици со потпис на Ралф Лорен, а не изостана и Вимблдон машничката која што традиционално ја носи од 2017, па наваму, како симбол на нејзиниот статус – патрон на турнирот.
Кејт беше во друштво на сопругот, принцот Вилијам и нивните две поголеми деца Џорџ и Шарлот.