Кејт Хадсон има моќна порака за жените

Во време кога темите за женска солидарност и меѓусебна поддршка се сè погласни, една едноставна, но силна мисла од актерката Кејт Хадсон повторно го привлече вниманието на јавноста.

„Имаш избор: Да ја поддржиш жената што стои до тебе или да се натпреваруваш со неа. Но, ако се натпреваруваш ќе бидеш несреќна“, гласи нејзината позната порака, која стана инспирација за многу дискусии за женската солидарност и успех.

Овој цитат деновиве повторно се споделува на социјалните мрежи и во медиумите како силен потсетник дека вистинската моќ на жените лежи во поддршката и заедништвото.

Солидарност наместо ривалство

Пораката на Хадсон ја нагласува идејата дека жените често се ставаат во непотребна конкуренција, било во кариерата, во приватниот живот или на социјалните мрежи. Но, според актерката, таквата споредба носи повеќе стрес, љубомора и незадоволство отколку вистинска мотивација.

Наместо тоа, таа предлага поинаков пристап-поддршка и соработка. Кога жените се охрабруваат една со друга, се создава средина во која сите можат да напредуваат и да ги постигнат своите цели.

Според оваа филозофија, успехот не е „ограничен ресурс“ кој мора да се дели со конкуренција. Напротив, кога луѓето се охрабруваат меѓусебно, се создава мрежа на соработка, нови идеи и заеднички напредок.