Кејт Бланшет во креација декорирана со школки

Оскаровката Кејт Бланшет знае како да го привлече вниманието со својот внимателно одбран стајлинг. Актерката, 56, важи за дама со софистициран стил, честопати со андроген елементи одлично споени во совршена целина.

На нејзиното последно појавување на хуманитарен настан во Лондон, каде што имаше улога и на домаќин, Кејт изгледаше како морска божица.

Таа носеше впечатлив топ декориран со школки во различна големина и форма, дел од есенската Ready-to-Wear колекција на Dilara Fındıkoğlu.

Парчето облека наликуваше на корсет со ролка, а Бланшет го спои со светло виолетово, миди здолниште коешто пак наликуваше на опашка од сирена.

Како финиш актерката за одлучи за потпетици декорирани со тул.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian