Кога капутите добиваат боја

Оваа сезона, класиката добива ново, поосвежено лице – капути во боја. Наместо вообичаените темни нијанси, оваа есен и зима охрабрете се да внесете повеќе енергија и карактер преку боите.

Од благите песочни и крем нијанси, преку пудресто розова, светло сина, па сè до смарагдно зелена и бордо – изборот е голем, а ефектот неверојатен.

Капутот повеќе не е само парче што не штити од студот, туку главен моден израз што раскажува за нашата личност. Совршено се комбинира со деловни комбинации, како и со лежерни парчиња, додавајќи доза на елеганција и самодоверба.

Без разлика дали ќе одберете класичен модел или oversized крој, со овие капути ќе изгледате модерно, отмено и уникатно.

Како да ги комбинирате капутите во боја 

Капутите во боја се моден израз на самодоверба и стил. За да изгледаат елегантно и балансирано, важно е како ќе ги комбинирате. Еве неколку совети што секогаш функционираат:

Нека капутот биде во фокусот. Ако носите капут во впечатлива боја, како циклама, зелена или кралско сина — одберете  едноставна основа во неутрални тонови (црна, сива, беж или бела). Така бојата ќе дојде до израз, а изгледот ќе остане софистициран.

Комбинирајте со монохроматски тонови. Носете го капутот во иста или слична нијанса со останатата облека за елегантен и издолжен силует ефект. На пример, пастелно розов капут со розови или nude парчиња.

Додајте детали што ја надополнуваат бојата. Шал, ракавици, чанта или чизми во сродна боја ќе создадат складен и модерен изглед.

Играјте со текстури. Капут од волна прекрасно се комбинира со свила, кожа или плетени материјали. На тој начин создава длабочина и луксуз.

Нека бојата стане вашиот потпис оваа сезона – затоа што стилот почнува токму со ставот да се издвоиш.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian