Кога модата ќе тргне наопаку – најлошо облечените ѕвезди на Греми наградите

Иако Греми наградите се синоним за гламур и стил, некои ѕвезди оваа година се најдоа на листата на најлошо облечени според модните критичари. Во продолжение, погледнете кои изгледи предизвикаа најмногу негативни реакции.

Хајди Клум

Heidi Klum Grammys 2026

Хајди Клум се појави во латекс тоалета во боја на кожа, која многумина ја оценија како бизарна и повеќе уметнички експеримент отколку гламур за на црвен тепих.

Чапел Роан

Проѕирната бордо тоалета со драматични детали беше оценета како претерана и несоодветна за официјалниот карактер на настанот.

Лола Јанг 

Lola Young Grammys 2026

Комбинацијата од различни материјали и детали создаде хаотичен впечаток и ја стави Лола Јанг меѓу најкритикуваните изгледи на вечерта.

Шабузи

Shaboozey Grammys 2026

Фармерки, блејзер, капут и шешир во една комбинација – моден микс што критичарите го опишаа како неуреден и без јасна визија.

Ем Си Лајт

MC Lyte Grammys 2026

Металик фустан со проблематичен крој создаде впечаток дека облеката е нефункционална и недовршена.

Си Ло Грин

Со црвени контактни леќи и ексцентрични детали, Си Ло Гринси л повеќе наликуваше на сценски лик отколку на гостин на црвен тепих.

Лејни Вилсон