Понекогаш, особено во летните денови, на сите ни треба малку боја или мала доза на ведрина во облеката.
Доволно е едно парче облека кое ќе го разигра стајлингот и ќе стави насмевка на вашето лице.
Сини, жолти, розови, црвени, портокалови или зелени сите нијанси се на располагање. На вас останува која боја ќе ја одберете и како ќе ја комбинирате.
Колор-блок комбинацијата е едно решение, но сепак ја резервираме за оние похрабрите. Со неа можете да споите две навидум неспоиви нијанси и да изгледате ултра шик.
Доколку не сакате многу експерименти додајте бела на обоеното парче и добивате сигурна комбинација.
Нека биде во боја…