За празниците често сакаме да направиме нешто убаво, декоративно и вкусно, а еден од најпопуларните рецепти се секако колачињата со ѓумбир.
Особено се интересни за најмладите, кои со задоволство чекаат да ги пробаат.
Еве како да ги подготвите:
Состојки:
- 3 1/4 чаши сенаменско брашно
- 1 лажица мелен цимет
- 1 лажица мелен ѓумбир
- 3/4 лажица сода бикарбона
- 3/4 лажица мелено каранфилче
- 1/2 лажица мелено морско оревче
- 1/2 лажица сол
- 3/4 чаша несолен путер, омекнат на собна температура
- 1/2 чаша кафеав шеќер
- 1 големо јајце
- 1 1/2 лажица екстракт од ванила
Рецепт за бел прелив
- 2 чаши шеќер во прав
- 2–3 лажици млеко
- 1/4 лажица екстрат од ванила
Начин на подготовка
Во голем сад заедно измешајте брашно, цимет, сода бикарбона, ѓумбир, сол и каранфилче. Со миксер матете ги шеќерот и путерот две минути на средна брзина, за да добиете лесна и воздушеста смеса.
Додајте јајце и ванила и матете додека состојките не се соединат. Намалете ја брзината на миксерот и полека додавајте ја смесата со брашното.
Поделете го тестото на два еднакви дела во форма на топка. Потоа рачно израмнете ја секоја топка додека не добиете тесто со дебелина од два сантиметри. Завиткајте го во пластична кеса и ставете го час и половина во фрижидер за да се стврдне.
Расукајте го тестото на рамна површина се додека не добиете тенка кора (помалку од половина сантиметар). Потоа земете ги модлите за колачиња и извадете разни форма според желба. Правете го тоа се додека имате тесто.
Тавата на која што ќе ги редите обложете ја со хартија за печење. Печете од 8 до 10 минути на температура од 180 степени. Извадете ги од рерна и оставете ги пет минути да се изладат.
Кога ќе бидат веќе изладени можете да започнете со декорирање. Освен преливот дополнително може да се стават и ситни украси за колачиња во различни форми и бои.
Доколку сакате освен бел да имате прелив и во друга боја, додадете малку готварска боја по желба.
Фото: Pinterest