Колку вреди модната империја на Викторија Бекам

Викторија Бекам светот ја запозна како дел од популарната поп група од 90-те Spice Girls. Но, многу работи се сменија откако Posh Spice позираше во малиот црн фустан заедно со останатите четири членки од бендот.

Денес нејзиното име се поврзува со моќна модна империја, чиишто креации ги носат низа познати ѕвезди.

Викторија за прв пат претстави своја колекција во 2008-та година на Њујоршката модна недела, која што се состоеше од 10 фустани.

Само три години подоцна Викторија веќе не беше само сопруга на познат фудбалер, туку и етаблирана модна дизајнерка, со што ги надмина очекувањата на многумина. Бекам, која е мајка на четири деца, го прошири својот бренд, вклучувајќи  ја и подостапната ready-to-wear линија “Victoria by Victoria Beckham”.

Онлајн популарноста на нејзините дизајнерски парчиња порасна со стартувањето на платформа за е-трговија во 2013, а шест години подоцна беше претставен и нејзиниот бренд за козметика “Victoria Beckham Beauty”.

Одличниот спој на британска елеганција и модерна естетика е она што го отсликуваат најголемиот дел од нејзините креации, заедно со чистите линии и и андроген елементите.

И покрај тоа што во еден период модната империја наиде на финансиски проблеми, сепак успеа да се извлече од кризата. 

Во 2017 Викторија доби OBE (Order of the British Empire) орден за заслуги од кралското семејство – признание коешто се доделува за најголемо достигнување во одредена индустрија во Велика Британија.

Во март годинава модната империја на дизајнерката беше проценета на 83,5 милиони евра.

Нејзините дизајни ги носат најголемите ѕведи на познати културни и модни настани како Мет Гала и Париската модна недела.

Анџелина Џоли, Салма Хаек и Ева Лонгорија се само неколку од дамите коишто често ги гледаме во парчиња со потпис на Викторија.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian