Колку заработува Мараја Кери од хитот All I Want for Christmas Is You

Не постои некој што не ја слушнал популарната All I Want for Christmas Is You. Песната на Мараја Кери повеќе од три децении е неизоставен дел од нашите празнични плејлисти и секоја година и носи милионски профит на ѕвездата.

Уште од своето објавување на први ноември 1994 година, песната живее вистинска бајка, а Мараја Кери гордо ја носи титулата кралица на Божиќ веќе три децении.

Но, колку американската дива навистина заработува секоја година благодарение на оваа песна? Според податоците на списанието The Economist“, Мараја Кери само од авторски права во периодот меѓу 1994 и 2017 година остварила приход од 60 милиони долари.

Тоа изнесува речиси 2,5 милиони долари годишно само од емитувањето на нејзиниот хит. Имено, оваа ѕвезда истовремено е коавторка, копродуцентка и изведувачка на песната.

Како вистински симбол на крајот на годината, „All I Want for Christmas Is You“ веќе три децении е предмет на бројни обработки.

Тука особено ја издвојуваме верзијата на Мајкл Бубле од 2011 година, како и оние на Деми Ловато или Аријана Гранде од 2012 година.

Во продолжение хитот што руши рекорди во изведба на поп дивата.