Конечно добро се облече (или се соблече): Лорен Санчез во плететен фустан

Лорен Санчез повторно привлече внимание на фотографите. Сопругата на основачот на Amazon, Џеф Безос, се појави на вечера во Париз во впечатлив син фустан кој ја нагласи нејзината витка фигура и беспрекорниот моден стил.

Лорен Санчез беше забележана при излегување од хотел во Париз, каде што се упати на вечера во француската престолнина. Поранешната телевизиска новинарка и пилотка блесна во светлосин плетен фустан со прилепен крој. Моделот беше украсен со фини плетени детали, додека сребрениот драпиран изрез дополнително го нагласи елегантниот вечерен изглед.

Посебно внимание привлекуваше проѕирниот детаљ на долниот дел од фустанот, кој ги откриваше нозете и создаваше впечатлив ефект при движење. Стајлингот го дополни со големи црни очила за сонце, дијамантски обетки и проѕирна чанта.

Косата беше собрана во уредна опашка со благи бранови, а со дискретна шминка дополнително го нагласи препознатливиот гламурозен изглед.

За крај избра високи nude салонки и насмеано позираше пред фотографите пред да влезе во автомобилот кој ја чекаше пред хотелот.

Во центарот на вниманието

Париското појавување доаѓа по неколку интензивни недели во кои Лорен Санчез често беше во фокусот на медиумите. Неодамна, заедно со сопругот Џеф Безос, имаше забележителна улога на Мет Гала, еден од најважните модни настани во годината. Сепак, последните денови покажа и поинтимна страна од својот живот. Во Лос Анџелес беше видена во друштво на најстариот син Нико Гонзалес и неговиот татко, поранешната NFL ѕвезда Тони Гонзалес.

Лорен Санчез има 25-годишен син Нико со Тони Гонзалес, додека од бракот со холивудскиот агент Патрик Вајтсел има син Еван (20) и ќерка Ела (18). И покрај бројните медиумски написи за нејзините врски низ годините, Санчез повеќепати истакнала дека со поранешните партнери останала во добри односи. За Тони Гонзалес претходно изјавила дека ѝ е еден од „најдобрите пријатели“, а нивните семејства често се гледаат заедно.

Сопругата на Тони, Октоубер Гонзалес исто така развила блиска врска со Лорен и била меѓу гостите на нејзината моминска забава во Париз пред свадбата со Џеф Безос. Врската меѓу Лорен Санчез и основачот на Amazon, Џеф Безос, стана јавна во 2019 година, по што и двајцата ги прекинаа своите тогашни бракови.

Н.Т