Кошула и џемпер – супер комбинација за студените зимски денови

Зимскиот аутфит е најчесто во слоеви, а една од омилените спојки се комбинацијата џемпер и кошула.

Кога зборуваме за кошули најчесто ја одбираме белата и светло сината, а веднаш зад неа се оние на тенки риги.

Џемперот и кошулата се одлични за секоја прилика во текот на денот. Истовремено имаме комоција и добиваме совршен стилски момент погоден за канцеларија, но и за вечерно излегување во зависнот од комбинацијата.

Панталони, здолниште или класичен џинс, секое од овие парчиња одговара со нашата омилена зимска спојка.

А доколку сакате мала разиграност тука се секогаш ремените, накитот и чантите коишто дополнително ќе го разубават стајлингот.

Во продолжение неколку идеи.

Фото: Pinterest, Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian