Кралицата на Јордан, Ранија, важи за една од најдобро облечените благородници во светот и неретко ги диктира модните трендови.
На нејзината последна посета во Италија, таа беше пример за елеганција во бордо аутфит и ги восхити сите со својот бепрекорен стил.
Ранија носеше прекрасен бордо, миди фустан којшто ги истакнуваше нејзините облини, а изгледот го дополни со Луј Витон чанта од последната есен/зима колекција.
Иако навидум едноставен фустанот имаше суптилни софистицирани детали како асиметричниот крој на долниот дел и наборите на едната страна кај рамото.
Овие префинети стилски моменти создадоа чувство на движење, додека долгите ракави додадоа доза на префинетост правејќи го овој стајлинг максимално женствен и елегантен.
Фото AP