Францускиот бренд Lacoste го смени своето глобално препознатливо лого-зелениот крокодил во зелена коза.
Со ова брендот оддава признание на најдобриот на сите времиња или Greatest Of All Time (GOAT) Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер од 2017 година со гордост ги носи моделите на брендот, како нивната препознатлива поло маичка.
Според Lacoste со ова шампионот ги промовира и поддржува истите вредности како и самиот основач Рене Лакост: упорност, талент и елеганција.
Затоа во чест на Новак брендот претстави капсулна колекција со изменетото лого којашто вклучува поло кошула, маичка со кратки ракави, јакна капче.
Сите парчиња се во бела боја со минималистички дизајн.
Фото: Lacoste