Велигден се ближи, а еден бренд веќе изработи нешто што неодоливо потсетува на овој голем празник.
Станува збор за француската модна куќа Луј Витон коишто имаат одличен производ за сите љубители на слаткото и луксузот.
Имено, креативниот директор на женскиот оддел на брендот, Николас Гескуиер во соработка со познатиот слаткар Максим Фредерик направија реплика на популарната јајце-чанта од колекцијата пролет/лето 2019.
Louis Vuitton Chocolate Egg Bag е називот на оваа чоколадна чанта, којашто слободно можете да ја изедете.
Слатката верзија е сосема идентитична како оригиналот – иста големина и исти детали.
Освен конкретната јајце-чанта, Максим претстави цела колекција на велигденски чоколатца за Луј Витон по повод празникот.