Луј Витон за прв пат ќе претстави своја мејкап линија

Mодната куќа Луј Витон оваа есен ќе претстави своја линија на козметички производи со што ќе се приклучи на останатите светски брендови коишто веќе имаат своја мејкап линија.

Нивниот прв бренд за декоративна козметика ќе го носи името La Beauté Louis Vuitton, а на чело ќе застане познатата мејкап артистка Пет Мекграт.

Пет е позната по креирање на револуционерни look-ви, а со Луј Витон има соработувано повеќе од 20 години.

Tокму затоа и е доделена задачата да работи на развојот на козметичката линија.

Од она што се знае досега помеѓу првите производи ќе бидат дури 55 кармини, 10 тонирани балзами за усни и неколку сенки за очи.

Зедно со првата мејкап колекција ќе пристигнат и разни кожни додатоци како, кутија за кармин и патнички куфери.

Во минатото Луј Витон нудеше козметички торбички, мејкап куферчиња, огледала и четки за шминка.

La Beauté Louis Vuitton е очекувано продолжение на сето ова, со што модниот бренд ќе си го завземе своето место и во индустријата за декоративна козметика.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian