Бразилската супермоделка Жизел Бундчен (45) официјално стапи во брак со својот долгогодишен партнер, инструкторот по џиу-џицу Жоаким Валенте. Парот се венча на интимна церемонија на 3 декември во нивниот дом во Surfside, Флорида, во присуство на најблиските пријатели и роднини, потврдува Page Six и други странски медиуми.
Церемонијата, која беше внимателно чувана во тајност од јавноста, ја следеше издавањето на брачниот лист на 1 декември, според јавните записи и извори на TMZ.
Овој брак ја означува новата животна фаза за супермоделот, која три години по разводот од легендарниот американски фудбалер Том Брејди конечно стапнува во нова стабилна врска. Жизел и Брејди го завршија 13-годишниот брак во октомври 2022 година.
На почетокот на оваа година, парот доби син, нивниот прв заеднички наследник, што уште повеќе ја зацврсти нивната врска. Ова е третото дете на Жизел – таа е мајка и на 15-годишниот син Бенџамин и 12-годишната ќерка Вивиан од бившиот брак со Брејди.
Изворите наведуваат дека Жизел и Валенте се запознале уште во 2021 година преку часови по џиу-џицу, а нивната врска, која започна како пријателство, прерасна во љубовна романса во 2023 година.
Порталите што ја следат славната двојка истакнуваат дека моделката одлучила да го направи бракот многу приватен „не-настан“ со цел да избегне медиумски притисок и да го одбележи моментот само со најблиските.
По објавувањето на веста за свадбата, поранешниот сопруг Том Брејди сподели неколку криптични објави на социјалните мрежи, што предизвика шпекулации во јавноста за неговите искрени чувства, иако извори велат дека и тој „е среќен што таа е среќна“ и дека двојката останува фокусирана на дипломатско ко-родителство заради децата.
Н.Т
.