Деми Мур, 62, е прогласена за најубава жена во светот за 2025-та година.
Ова признание актерката го доби од страна на магазинот People коешто традиционално, секоја година одбира најубава жена.
Во интервју за списанието Деми кажа дека низ годините научила да го трансформира секој пад во можност за нов почеток.
Ако не се сакате себе си, не можете вистински да почуствувате љубов и со другите.
А на прашањето што за неа е убавина Мур потенцира дека автентичноста и оптимистичкиот дух се клучни за тоа прашање.
Актерката за да изгледа младолико и во седмата деценија користи производи за кожа коишто ја хидрираат и верува дека добрата хидратација е од исклучително значење за здрава кожа.
Деми го одржува своето тело со вежбање од комфорот на својот дом. Таа претпочита 15 минутни кардио вежби во комбинација со танц.
Исто така конзумира кокосова вода која што е богата со природни електролити.
Мораме да признаеме дека изгледа фантастично, а за тоа придонесува и смеењето за коешто Деми вели дека е одлична алатка за поубав изглед.
Фото: Pinterest