Токму затоа модните додатоци не се само детали, туку елементи што го создаваат впечатокот. Тие можат да направат комбинацијата да изгледа елегантно, лежерно, модерно, па дури и луксузно.
Еден впечатлив пар обетки, на пример, може целосно да го пренасочи вниманието и да внесе доза на софистицираност дури и во наједноставната облека. Од друга страна, минималистичкиот накит создава чист и модерен изглед што делува ненаметливо, но стилски.
Чантите исто така играат огромна улога. Голема структурирана чанта остава впечаток на елеганција и сериозност, додека малите чанти со интересни детали внесуваат модна разиграност.
Истото важи и за обувките, патики веднаш ја прават комбинацијата поопуштена, додека чевлите на потпетица додаваат елеганција и самодоверба.
Очила за сонце, ремени, марами, часовници или шноли за коса имаат моќ да го дефинираат целиот стил. Понекогаш токму тие се највпечатливиот дел од комбинацијата.
Модните додатоци се и начин на изразување на личноста. Некој сака впечатлив накит и силни модни акценти, додека друг преферира минимализам и едноставност.
Затоа во светот на модата понекогаш е доволно само да ги смениме додатоците.