Телевизиските водителки Ирена Спировска и Вера Мештеровиќ на 28-то издание на Златна Бубамара на популарноста, кое се одржа вчеравечер во арената „Борис Трајковски“ се појавија во маркантни, уникатни и гламурозни креации на ЕЛЕНА ЛУКА.
Ирена Спировска која ја имаше честа да додели две награди, зрачеше со елеганција и самоувереност, освојувајќи ја сцената во впечатлив долг, темно зелен фустан со светкав ефект. Корсетот совршено ја обликуваше нејзината силуета, додека високиот шлиц внесуваше доза на сензуалност и динамика во нејзиниот изглед.
Темно зелената нијанса, симбол на софистицираност и раскош, ја нагласи нејзината грациозност и природна убавина. Секое нејзино движење оддаваше префинетост, а целокупниот изглед беше совршен баланс помеѓу класичната елеганција и модерниот гламур.
Таа во изјава за Fashionel истакна дека од исклучителна важност за една јавна личност е да има партнер од калибарот на ЕЛЕНА ЛУКА, бидејќи кај неа да може се обрати знаејќи дека секогаш ќе го добие тоа што го посакува за соодветната пригода.
„Како и секогаш, за важни, свечени и гламурозни настани, мојот избор е модел од ЕЛЕНА ЛУКА. Со децении, овој бренд е на самиот врв на македонската модна сцена, и никогаш не сум погрешила во изборот. Токму креациите на ЕЛЕНА ЛУКА најдобро ја истакнуваат женственоста и елеганцијата. Таа препознатлива нишка на гламур и висока мода, која е заштитен знак на брендот, создава парчиња на кои ниту една жена не може да одолее – од вечерни тоалети до кежуал комплети и костуми. Секогаш се чувствувам гламурозно, сигурна и женствена во нивните модели, токму затоа ги обожавам. Моето пријателство и соработка со ЕЛЕНА ЛУКА траат со години, и искрено се надевам дека ќе продолжат и во иднина.“- вели Ирена Спировска – водителка и соработник на ЕЛЕНА ЛУКА.
Импресивна на сцената беше и Вера Мештеровиќ која додека доделуваше награда се појави во смел и впечатлив црвен фустан во латино стил, украсен со светкави сребрени елементи што се движеа со секој нејзин чекор. Асиметричниот крој и пократката должина додаваа динамика и разиграност, совршено вклопувајќи се во сценскиот амбиент. Оваа заводлива уникатна креација во црвена боја, беше одличен избор за стајлинг во месецот на виното и љубовта.
Овој фустан Вера го надополни со волуменозна бела бунда од реномираниот моден бренд на ЕЛЕНА ЛУКА кој даде дополнителен драматичен ефект на нејзиниот стајлинг, соодветен за една ваква манифестација.
Познатата водителка и манекенка истакна дека соработката со ЕЛЕНА ЛУКА за неа е од исклучително значење, кога се во прашање нејзините јавни настапи бидејќи таа и овозможува секогаш да одговори професионално на задачата.
„Вечерва сме на 28-то издание на Златна Бубамара, и овој пат одбравме поинаква креација. Обично на вакви манифестации се појавувам во долги тоалети, но вечерва решивме да ги изненадиме нашите следбеници, љубителите на модата, со нешто поразлично. Носам бунда со подраматичен и гламурозен изглед, бидејќи, на некој начин, Златна Бубамара се нашите Оскари. Навистина ја ценам поддршката и ми е чест што соработувам со ЕЛЕНА ЛУКА толку години. Имаме исклучителна соработка, особено кога станува збор за предизвиците што ги носи мојата работа – од утринската програма на Канал 5 до бројните настани на кои учествувам. За сето тоа, ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ми помага на најдобар можен начин.“- вели Вера Мештеровиќ – водителка и соработник на ЕЛЕНА ЛУКА.
Овогодишното издание на најпопуларната манифестација на домашната сцена Златна Бубамара на популарноста кое се одржа под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ го одбележаа прекрасната атмосфера, квалитетната музика и емоциите што преплавија сите присутни. Солзите течеа од смеа за време на хумористичните блокови, но и од тага при сеќавањето на јавните личности кои повеќе не се меѓу нас.