Меланија Трамп софистицирана и елегантна во Dior

Меланија Трамп повторно во фокусот на јавноста поради својот моден избор. Таа го привлече вниманието со својот елегантен изглед на последното обраќање на претседателот Доналд Трамп пред Конгресот.

Во комбинација од сив твид, изработена од модната куќа Dior, Меланија го истакна својот префинет стил кој ја претставува како икона на елеганцијата и моќта.

Сакото од висококвалитетен волнен штоф, чија што цена на официјалната веб-страница на Dior, е 5.500 долари беше комплетирано со два модни детали што ќе бидат хит оваа пролет.

Првиот е шал изработен од истата ткаенина како и сакото, што беше тренд уште од зимските колекции, а вториот е тенкиот црн ремен кој ја истакнува нејзината витка фигура.

Суптилната шминка и нежно брановидната коса дополнително го нагласија нејзиниот префинет стил, ненаметлив, но истовремено впечатлив.

Според експертите, изгледот на Меланија е пример за „тивок авторитет“ – беспрекорен, сигурен и со јасна порака за моќ.

Извор: businessinsider.com

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus)

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian