Париската модна недела за сезоната пролет/лето 2026 маестрално ја заокружи модната куќа Шанел.
Новиот креативен директор Мејту Блази ја престави својата прва колекција за брендот во сетинг што наликуваше на сончев систем. Огромни инсталации во форма на планети висеа над сјајниот црн под, додека пред очите на публиката се случуваше спектакуларно модно шоу.
Во предните редови седеа голем број на ѕвезди како Марго Роби, Пенелопи Круз, Никол Кидман, Педро Паскал…
Блази, 41, е добро познато лице во светот на модата. Младиот дизајнер има работено за Мејсон Марџела, Селин, Келвин Клајн и последно како креативен директор за Ботега Венета.
На пистата моделите носеа парчиња коишто се движеа во ритамот на 90-те, разиграно, енергично и со младешки дух.
Во секое од нив се наѕираше мајсторијата на Шанел која и до ден денес останува една од најуникатните кога станува збор за мода.
Во продолжение дел од извонредниот моден спектакл.