Миди здолништата и чизмите се одличен пар за деловен стајлинг, особено во есенските и зимските денови.
Тие се идеална спојка кога сакаме да изгледаме елегантно, женствено и затоа честопати се избор на многу дами.
Можат да се комбинираат со џемпер, блуза, кошула… во зависност од приликата и временските услови и секогаш изгледаат еднакво добро.
Кога станува збор за здолништата, во зимскиот период ги преферираме топлите и подебели материјали, а во однос на боите неутралните тонови како погогодни за деловен аутфит.
Ако се одлучите за чизми на потпетица тогаш добивате дополнителна доза на елеганција, а нашата предлог галерија има неколку стилски решенија за вас.