Моден фокус: Изгледот на Меланија на инаугурацијата на Трамп

Денот на инаугурација на претседателот на САД не е само политички настан, тој е и модна писта каде стилот ја презема главната улога. Оваа година, сопругата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп повторно го потврди својот статус на модна икона со внимателно осмислен изглед кој зрачи со елеганција и софистицираност.

Првата дама на САД се појави во темносин аутфит од њујоршкиот дизајнер Адам Липес, комбиниран со впечатлив шешир од Ерик Џавиц. Позната по својата склоност кон прецизно кроење и драматични детали, изгледот на Меланија зрачеше со отмена сериозност, совршена за оваа пригода. Шеширот, украсен со бела лента што создава остар контраст со темносината боја, додаде мистерија и драматичност во стајлингот.

Овој избор претставува суптилна промена во модниот израз на Меланија. Додека за инаугурацијата на Трамп во 2017 година таа носеше креација на американскиот дизајнер Ралф Лорен, нејзината соработка со Липес и Џавиц сега воведува посуптилен, но сепак луксузен пристап кон американската изработка. Липес истакна дека аутфитот за пригодата е рачно изработен во Њујорк, како почит кон домашните мајстори.

2025/2017

Изгледот, исто така, е во согласност со нејзината љубов кон екстравагантноста. Цените на креациите на Адам Липес се движат од 1.000 до над 7.500 фунти. Оваа комбинација совршено се вклопува во страста на Меланија за премиум и впечатливи парчиња.

Првата дама на САД ги украде погледите и на балот кој беше организиран по повод инаугурацијата на Трамп. Таа за оваа свечена прилика избра црно-бела креација која зрачеше со софистицираност. Главниот акцент на креацијата беше во белата боја со црни геометриски линии, кои создаваат визуелен ефект на структура и симетрија. Овој модерен, но класичен изглед беше впечатлив без да биде преагресивен. Црно-белата комбинација доде доза на формалност и го потврди нејзиниот беспрекорен стил.

Меланија Трамп уште еднаш го покажа моќниот ефект на модата, додавајќи на еден од најзачајните светски настани сериозна доза на гламур.

Извор: Vogue, BBC

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian