Модна инспирација: Деми Мур маркантна на ревијата на Армани во Париз

Деми Мур повторно покажа дека има неверојатен стил појавувајќи се како гостин на ревијата на Џорџо Армани Privé во Париз, каде блесна во целосно црна софистицирана комбинација.

Таа за оваа прилика одбра сјајно, струкирано сако со уникатна текстура која совршено ја истакнува нејзината силуета, комбинирано со широки панталони од кадифе што додаваат луксузен и рафиниран допир.

Впечатливите модни додатоци како црниот ѓердан и самоуверениот став дополнително го истакнаа нејзиниот впечатлив изглед.

Деми Мур преку црната боја и играта со различни текстури уште еднаш докажа дека монохроматските комбинации можат да бидат извонредно драматични.

Со својата елеганција и модерен изглед, Деми Мур останува неисцрпна модна инспирација.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian