Модна инспирација: Хајди Клум во шик долг твид капут

Кога станува збор за стил со личен печат, Хајди Клум е вистински пример за тоа. Нејзиниот последен уличен стајлинг од Њујорк е совршена модна инспирација за сите кои сакаат да изгледаат шик, без да ja жртвуваат удобностa.

Во неодолива комбинација од долг твид капут, остри чизми со потпетица, и класична чанта од Шанел, Клум покажа дека со добар моден избор, секојдневниот изглед може да изгледа ексклузивно. Но, она што навистина го привлече вниманието беа фармерките со екстра широки ногавици – во темна, елегантна нијанса која внесува доза на софистицираност дури и во најлежерниот аутфит. Со својата  линија и динамичен волумен, тие создаваат силуета која визуелно издолжува и внесува модна храброст во секој чекор.

Широките фармерки се задолжителни за оваа сезона – удобни како тренерки, а стилски како дизајнерски модел. Овозможуваат леснотија во движењето, не го стегаат телото и изгледаат фантастично и со едноставни маички и со интересни парчиња како кашмирски блузи или сатенски кошули.

Хајди Клум со ова свое издание уште еднаш нè потсети дека стилот е избор што кажува „ова сум јас“ – со став, со слобода и со стил.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian