Денешната модна инспирација е Кристина Агилера. Пејачката викендов беше во Саудиска Арабија на манифестацијата Joy Awards и на црвениот тепих се појави во креација на Балман од колекцијата pre-fall 2025.
Кристина долго време се бореше со вишокот на килограми и нејзиниот изглед честопати наидуваше на критики.
Но, 44 годишната Агилера успеа да ги намали килограмите, не откривајќи го начинот за брзото слабеење. Како што неодамна изјави во едно интервју повеќе не чувствува потреба да дава објаснување за својот физички изглед.
На црвениот тепих Кристина ги сврте погледите на сите, облечена во бела, провидна кошула и сребрено, макси здолниште со светки.
Стајлингот го дополни со голем ремен и очила со сонце, а како јаготка на шлагот беа дијамантските обетки.
Ѕвездата гордо позираше пред камерите на свечениот настан.
Фото: Getty/Ideal Image