Модната недела во Њујорк е настан што традиционално ги собира модните ентузијасти на едно место со една цел – да се ужива во модата.
Годинава настанот започна една недела подоцна, а со оглед на променливото време можноста за експериментирање беше навистина голема.
Њујорк важи за раздвижен град, метропола што никогаш не спие, па таков беше и уличниот стил – раздвижен, урбан, но и практичен во исто време.
Доза на базични парчиња со тренди естетика – добар начин да се добие нов, свеж изглед, и смели спојки баш како енергијата на тие што ги носат.
Во продолжение дел од уличните модни вибрации на модната недела во Њујорк.
Фото: Getty