Зошто ANIMAL PRINT никогаш не излегува од мода?
Animal print е симбол на моќ, престиж и драма уште од времето на кралевите и палатите. Лепардот, тигарот и зебрата носат енергија на дивина, слобода и доминација, и сè уште се дел од најлуксузните домови и модни колекции во светот.

Animal print не е тренд туку е вечен код на луксузот.
Леопард – кралот на сите принтови
Леопард принтот ја комбинира женственоста и силата. Во модата тоа е акцент на самодоверба додека во ентериерот носи топлина, длабочина и карактер.



Кога ќе се постави на фотелја, канапе или тапета — просторот веднаш добива доза на луксуз.
Како изгледа во ентериерот?
Леопард фотелја е парчето што ја дефинира целата просторија, а канапе во тигрест принт потсетува на стар холивудски гламур. Тапетите со животински принт даваат драматичен, ексклузивен хотелски ефект, додека леопардот во комбинација со црно – златни детали дава кралски статус.


Animal принтот никогаш не смее да се „меша премногу“ со други дезени. Едно доминантно парче е сосем доволно да создаде драма и стил во просторот.
Animal print во модата — од runway до ELENA LUKA couture
Од Roberto Cavalli до Dolce & Gabbana — лепардот е најприсутниот симбол на сензуалност.




Во колекциите на ELENA LUKA можеме да го забележиме во:
-капути со акцент на принт
– вечерни наметки
– ремени, чанти и аксесоари
– couture детал во златно-црна комбинација


Како да се комбинира правилно?
Можете да го комбинирате со црно за да добиете силен контраст и елеганција, а со злато за ефект на максимален луксуз. Во комбинација со свила и кожа ќе добиете богатство и текстура, а со минимализам го имате прекрасниот баланс.
Каде да го нанесеме во домот – ELENA LUKA HOME
Во домот може да биде додаден како фотелја од леопард принт погодна за во агол на читање или пред камин. Потоа како тросед во тигрест дезен за смел дневен престој.
Може да биде застапен со тапети наменети за женски гардеробер, или во форма на леопард конзола или ламба како детаљ.


Дивината како луксуз
Animal print е за луѓе со храброст, вкус и карактер. Не секој би се одлучил за него и токму затоа може да се дефинира како луксуз.
Во ELENA LUKA, принтот не е само декоративен—тоа е став, приказна и дизајнерски печат.
Мојата нова адреса е ELENA LUKA HOME
Автор: Елена Пандевa
