На 9. октомври стартува серијата за Викторија Бекам

Следниот месец, поточно на 9-ти октомври, стартува документарната серија за животот на Викторија Бекам.

Серијата ќе ја следи нејзината кариерна патека како модна дизајнерка, односно креативна директорка на сопствениот бренд.

Гледачите ќе можат ексклузивно да погледнат детали од нејзиниот моден но и козметички бизнис.

Нејзниот бренд е познат по софистицираноста но и едноставниот и минималистички пристап.

На Нетфликс веќе е достапна мини серија за семејството Бекам, која што го носи и истото име.

Следбениците на Викторија се надеваат дека покрај деловниот живот ќе можат да бидат сведоци и на досега невидени сегменти од нејзината приватност.

 

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian